• среда, 25 декември 2024

Портпарол на ОСНА: Преплавете го Појасот Газа со хуманитарна помош за да ги спасите изгладнетите деца

Портпарол на ОСНА: Преплавете го Појасот Газа со хуманитарна помош за да ги спасите изгладнетите деца

Женева, 5 март 2024 (МИА) - Обединетите нации (ОН) денеска повикаа на хуманитарна помош за „преплавување“ на Појасот Газа со цел да се спасат тамошните деца кои се на работ од глад.

Апелот доаѓа откако претставници на ОН неодамна посетија два болници во Газа, за првпат од почетокот на војната на Блискиот Исток.

-Децата умираат од глад... Ова треба да биде аларм како ниту еден друг досега, изјави денеска Јенс Лерке, портпарол на Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања (OCHA).

„Ако не сега, кога ќе биде време... да ја преплавиме Газа со помошта што и е потребна? Тоа треба да се случи“, рече Лерке.

Светската здравствена организација соопшти дека видела „ужасни сцени“ на изгладнети деца откако минатиот викенд доставувале помош во двете болници во северниот дел на Појасот Газа, за првпат од избувнувањето на војната во октомври 2023 година.

Лекарите во болницата „Камал Адван“, единствената педијатриска болница во северниот дел на Газа, кажаа дека досега „најмалку 10 деца умреле од глад“, рече Ахмед Дахир, кој ја предводеше мисијата.

Американски, француски, јордански и египетски товарни авиони денеска фрлија повеќе од 36.000 оброци во северниот дел на Газа, како дел од заедничката операција, соопшти американската војска. сд/

фото:Миа архива

Остани поврзан