• среда, 25 декември 2024

Портпаролката на грчката опозициска партија СИРИЗА си поднесе оставка

Портпаролката на грчката опозициска партија СИРИЗА си поднесе оставка

Атина, 10 септември 2024 (МИА) – Новинарката Вула Кехаја која изминатите шест месеци беше портпаролка на СИРИЗА, претпладнево преку социјалните мрежи соопшти дека вчера си поднесе оставка од позицијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Кехаја не ги откри причините за оставката што доаѓа откако досегашниот лидер Стефанос Каелакис во неделата не ја доби довербата од членовите на Централниот комитет на СИРИЗА и партијата ќе избира нов претседател.

-Вчера поднесов оставка од функцијата портпарол на СИРИЗА. Му благодарам на Стефанос Каселакис за довербата што ми ја укажа. Им благодарам на оние партиски функционери кои се однесуваа другарски кон мене и на оние соработници кои се погрижија за нашата одлична соработка. Им благодарам на луѓето од СИРИЗА-ПС за љубовта со која ме опкружија. Им благодарам на претставниците медиумите за нивниот искрен-со многу мали исклучоци – однос кон мене. Гледам напред, напиша Кехаја на платформата Икс.

Оставки во неделата вечер по Централниот комитет на СИРИЗА си поднесоа и шефицата на секторот за односи со јавност во партијата, како и шефот на прес-службата на претседателот на СИРИЗА. ср/ссм/

Фото: Архива МИА

Остани поврзан