• недела, 24 ноември 2024

Портланд поднесе жалба за натпреварот Оклахома, тренерот Билапс доби две технички грешки наместо тајмаут

Портланд поднесе жалба за натпреварот Оклахома, тренерот Билапс доби две технички грешки наместо тајмаут

Оклахома, 24 јануари 2024 (МИА) – Раководството на Портланд поднесе желба до надлежната комисија на НБА-лигата за резултатот од мечот со Оклахома. Блејзерс загубија со 111:109, по нивно мислење пораз поради грешка на судиите.

Тренерот на Портланд, Чонси Билапс, во финишот заработи исклучување. Тој беше незадоволен што на 15,6 секунди, при резултат 109:108 за неговиот тим, судиите не му доделија тајмаут. Наместо тоа, Билапс по протестите доби две технички грешки, што автоматски значеше исклучување.

Домаќините погодија едно од двете слободни фрлања, а потоа Џејлен Вилијамс го постигна победничкиот кош.

- Сè уште имавме тајмаути. Судиите обично се подготвени за такво сценарио, за таква ситуација, знаат за тоа. Бев на средината на теренот и се обидов да повикам тајмаут, изјави Билапс по натпреварот.

Судијата Бил Кенеди по мечот објасни дека тајмаутот не му бил даден на Билапс бидејќи судијата бил фокусиран на играта непосредно пред него, поради што му било „тешко“ да го слушне и види барањето на тренерот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан