• четврток, 17 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Портал „Југоисток“: Васил Стерјовски редок пример на тивок политичар со визија, кој ги освои срцата на жителите на округот Корча

Портал „Југоисток“: Васил Стерјовски редок пример на тивок политичар со визија, кој ги освои срцата на жителите на округот Корча

Дебар, 2 април 2025 (МИА) - Васил Стерјовски, тивкиот македонско-албански политичар со визија, кој ги освои срцата на жителите на округот Корча, ретка личност која останува верна на своите принципи, без оглед на предизвиците во албанската политика, вака го почнува написот посветен на Стерјовски, познатиот албански портал „Југоисток“ (Juglindje.com).

- На 11 мај, кога тој е на отворената листа на Социјалистичката партија, граѓаните на Округот на Корча ќе имаат уште една вредност на листата на која можат да ѝ веруваат, а тоа е Васил, бидејќи тој не го претставува само македонското малцинство, туку веќе е албански-Македонец кој ја заслужува поддршката од сите граѓани на округот Корча, оценува порталот.

Авторот се чувствува горд што по повеќе години имал можност да испие кафе со „еден од најпозитивните личности во локалната политика на Корча, и не само таму“ да мине време во „срдечен и топол разговор, неколку шеги и длабоки дискусии за иднината на политиката во Албанија, македонската заедница и недостигот на инвестиции во областа на Преспа – тема што длабоко го загрижува“.

Васил Стерјовски, констатира, и покрај неговото последно искуство во Парламентот на Албанија како пратеник и лидер на Македонска алијанса за европска интеграција „воопшто не се изменил - Тирана не го „метрополизирала“, освен неколку седи влакна.

- Разговорот течеше исто толку природно како пред една деценија, покажувајќи дека неговата скромност и тивка природа останале непроменети. Народот вели дека „високите момци се добри луѓе“, а во случајот на Васил оваа изрека не само што важи, туку е дополнително зацврстена со неговата смиреност и благородност, кои пленат и освојуваат, стои во написот.

Се посочува дека со години, Васил го претставува македонското малцинство во Албанија, особено во областа на Преспа во југоисточниот дел на земјата.

-Сепак, тој не се одвојува од Корча, бидејќи е долгогодишен жител и активен дел од нејзиниот живот. Кога го прашав за разликите помеѓу Македонците и Албанците во однос на менталитетот, тој се насмеа и призна дека нема големи разлики: „И ние Македонците сме како Албанците“, ми рече тој, но, додаде дека можеби смиреноста доаѓа од понежниот начин на решавање на проблемите, се наведува понатаму.

Според авторот, друг интересен факт што го споменал Стерјовски е дека во областа на Преспа полицијата никогаш не се занимавала со убиства или тешки злосторства, што сведочи за ретка социјална хармонија.

-Како посветен христијанин, средбата по повод Рамазан Бајрам не може да помине без искрена честитка до муслиманските верници, уште еднаш покажувајќи го духот на мирот и верската солидарност што тој го претставува. Васил е редок пример на тивок политичар со визија и силно чувство за претставување, кој останува верен на своите принципи, без оглед на предизвиците во албанската политика. Млад и перспектвен педагог и политичар кој треба да се поддржи, заклучува авторот во написот. вт/мд/

 

Остани поврзан