• сабота, 23 ноември 2024

Портали „admin.transport” и „etransport” за користење податоци од базата на транспортери

Портали „admin.transport” и „etransport” за користење податоци од базата на транспортери
Скопје 1 ноември 2022 (МИА) - Владата на днеешната седница ја разгледа информацијата од Министерството за транспорт и врски за објава на сервис на платформата за интероперабилност и јавен портал за користење на податоци од базата на транспортери во Министерството, при вршење контрола од страна на контролните органи и граѓаните, соопшти владината прес-служба.Министерството за транспорт и врски информираше дека со цел постигнување на поголема транспарентност и подигнување на свеста кај сите учесници во патниот сообраќај, пристапено e кон регистрирање сервис на платформата за интероперабилност и посебен јавен портал „admin.transport” наменет за дел од институциите, преку којшто ќе може да се проверат податоците внесени во базата на Министерството, од страна на контролните органи како и јавен портал „etransport”, преку којшто граѓаните ќе имаат можност за пристап до одредени податоци.Со можностите што ги дава новата платформа, се овозможува електронска контрола на постоењето и веродостојноста на издадените сертификати и лиценци кои ги проверуваат контролните органи. Со електронската проверка на веродостојноста на приложените документи, се заменува процедурата за нивна хартиена проверка, како и побрзо и поефикасно извршување на проверките на надлежните контролни органи.На контролните органи им се овозможува пристап до фирмите коишто се во евиденцијата на превозници, податоци за нивните лиценци, податоци за возила коишто ги поседуваат, податоци за изводи од лиценци коишто припаѓаат на одредено возило и податоци за вработени возачи – со што контролните служби ќе можат да проверат дали лицето е вработено или не во фирмата превозник, како и дали поседува сертификат за професионална компетентност на возач, што е неопходен документ при вршење меѓународен превоз на патници или стоки во патниот сообраќај.Јавниот портал „etransport" ќе овозможи пристап на граѓаните до податоците што се однесуваат на поседувањето лиценци и изводи од лиценци за вршење на превоз на патници и стоки, како и капацитетот и еколошкиот стандард на возилата.са/

Остани поврзан