• среда, 27 ноември 2024

Порибени водотеците и езерото во НП „Маврово“

Порибени водотеците и езерото во НП „Маврово“
Гостивар, 27 октомври 2022 (МИА) - На територијата на националниот парк Маврово извршено е есенското порибување со крап и поточна пастрмка. Управата на ЈУ Национален Парк „Маврово“ информира дека во текот на вчерашниот ден на повеќе локации по течението на Радика и Мавровско езеро стручни екипи и надлежен инспектор од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство се спроведе акција за збогатување на рибниот фонд. - Активноста е дел од програмата за порибување и се реализира втор пат оваа година. Првото или „пролетното“ порибување за 2022 година се изврши во април. На ваков начин придонесуваме за збогатување на рибниот фонд во водите на територија со која управуваме, наведуваат од НП „Маврово“. Течението на Радика и притоките се збогатени со 100 килограми подмладок на поточна пастрмка (Salmo Faroides), а езерото како и претходниот пат, е порибено со 200 килограми крап и 100 кг поточна пастрмка. Од 1 октомври до 2 февруари спортскиот риболов по Радика и притоките е забранет, а на Мавровско езеро е дозволен до крајот на октомври за видови риби освен за пастрмката која е во период на природен мрест. згм/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан