• среда, 25 декември 2024

Пораст на бројот на заразени со новиот сој коронавирус во Њујорк, сличен на јужноафриканскиот и бразилскиот

Пораст на бројот на заразени со новиот сој коронавирус во Њујорк, сличен на јужноафриканскиот и бразилскиот
Њујорк, 25 февруари 2021 (МИА) - Американски научници од Медицинскиот факултет на Универзитетот Колумбија објавија дека во Њујорк се зголемува бројот на заразени со новиот сој коронавирус кој има некои сличности со мутацијата откриена во Јужна Африка. Новиот сој, познат како Б.1.526, првпат бил идентификуван од научниците во примероците собрани во Њујорк во ноември, а до средината на февруари бил потврден во околу 12 проценти од сите случаи. Студијата покажа дека сојот Б.1.526 има некои загрижувачки заеднички карактеристики со сојот Б.1.351 идентификуван во Јужна Африка и П.1., што првпат беше потврдено во Бразил, кои се поотпорни на некои постојни вакцини отколку претходните верзии на коронавирусот. Истражувањето покажува дека неодамна откриените вакцини против Ковид-19 веројатно ќе бидат ефикасни против вирусите, дури и за инфекции со новите варијанти, а производителите забрзано работат на развој на подобрени вакцини за борба против откриените нови мутации. паг/

Остани поврзан