• четврток, 26 декември 2024

Поранешни новинари на А1 телевизија сведочеа за аферата „Списоци“ од 2011 на судењето за „Титаник“

Поранешни новинари на А1 телевизија сведочеа за аферата „Списоци“ од 2011 на судењето за „Титаник“
Скопје, 25 јануари 2021 (МИА) - Младен Чадиковски, како главен и одговорен уредник на Телевизија А1 во 2011 година некое време пред изборите добил списоци со имиња на луѓе, (дел од нив функционери, дел од гласачи) на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Ова денеска го кажа сведокот Чадиковски, во случајот „Титаник“, каде додаде дека откако изворот им ги доставил списоците заедно со колешките Сашка Цветковска и Наташа Стојановска одржале колегиум каде е одлучено да се истражи новинарски аферата „Списоци“. - Почнавме да истражуважме, не сакавме само така да ги објавиме документите. Материјалите ги снимавме тонски преку телефон. Се јавуваме на луѓе на списоците, се преставувавме како дел од Центарот за комуникаци на ВМРО-ДПМНЕ и одговорите беа во насока што ги пишуваше во списоците, изјави Чадиковски. Тој воедно во својот исказ додаде дека тие материјали ги доставиле за процесирање во ЈО, но дека тој не бил повикан да даде исказ. На прашање на обвинетата Гордана Јанкуловска, дали во списоците бил некој од обвинетите, сведокот Чадиковски, рече дека не. Сведокот Сашка Цветковска, во својот исказ се задржа во содржината и профилот на лицата кој биле дел од списоците. - Списоците содржеа податоци, од генералии, телефонски броеви и избирачки места каде што треба да гласат. Тие беа лица што благодарение на државниот апарат добивале работни позиции. Бидејќи добивале привилеги од партијата тие имале обврска да донесат 15 или 30 гласови зависно во која позиција се вработени во институциите. Најчесто стануваше збор за раководни лица, изјави сведокот Цветковска. Дел од списоците како што наведе таа биле и од лица од едукативните и здравствените институции. Според обвинението за случајот „Титаник“ како осомничени за разни кривични дела поврзани со незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и за нарушување на изборните процеси во 2011 и 2013 година осмоничени се 20 лица. Меѓу нив се и поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Илија Димовски и други. оџ/аа/

Остани поврзан