• четврток, 26 декември 2024

Поранешните партнерки на Џони Деп тврдат дека тој не би удрил жена

Поранешните партнерки на Џони Деп тврдат дека тој не би удрил жена
Лондон, 17 јули 2020 (МИА) - Поранешната сопруга на Џони Деп, Ванеса Паради и неговата поранешна девојка Винона Рајдер во Врховниот суд во Лондон, Англија, сведочеа дека тој не е човек што би удрил жена. Во таа смисла, обвинувањата на Амбер Хард, исто така негова поранешна сопруга, според Паради, „воопшто не личат на вистинскиот Џони“, како што таа рече. - Гледам дека овие безобразни изјави биле навистина вознемирувачки. А, исто така, навеле и штета на неговата кариера затоа што, за жал, луѓето поверувале во тие лажни сведочења, изјави Паради. Рајдер, која беше свршена со Деп во раните 1990-ти, рече дека не може да си го замисли во главата таков, па сѐ тоа ја прави вџашена и збунета. - Замислата дека тој бил така насилна личност е многу далеку од оној Џони што го познавав и го сакав. Не сакам никого да наречам лажга, но од моето искуство со Џони, невозможно е да се верува дека ваквите грозни обвинувања се вистинити!, изјави Рајдер. Телохранителот на Деп, Шон Бет претходно сведочеше дека во 2016 година, на 30-от роденден на Хард, таа го удрила глумецот и тој го пренел во друга негова куќа. Телохранителот понуди и слика како доказ за тоа, но на неа немало видливи повреди кај Деп, а не можело ниту да се докаже нејзината веродостојност. Сведочењето на Амбер Хард се очекува следната седмица.
Амбер Хард пред две години го доби случајот против Џони Деп и за тоа доби отштета од седум милиони долари. Новото судење во Лондон е дел од тужбата на Деп против британскиот таблоид „Сан“ за напис од 2018 година. Во друг случај, во САД, Деп ја тужи Хард за 50 милиони долари отштета, за нарушување на угледот. Тој процес се очекува да почне идната година.  си/сд/

Остани поврзан