• петок, 27 декември 2024

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос од 3 август е во ОАЕ

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос од 3 август е во ОАЕ
Мадрид, 17 август 2020 (МИА) - Поранешниот шпански крал Хуан Карлос од 3 август престојува во Обединети Арапски Емирати, изјави денеска портпаролот на кралското семејство. Хуан Карлос во изјава објавена на 3 август наведе дека ќе ја напушти земјата, но не ја наведе крајната дестинација. Одлуката на 82-годишниот Хуан Карлос да замине од Шпанија и да живее во друга држава уследи по обвиненија за негова вмешаност во корупција. Шпанскиот кралот Фелипе Шести му се заблагодари на татко му за таквата одлука и го посочи „историското значење“ што владеењето на Хуан Карлос го претставува за демократија во Шпанија по фашистичката диктатура на Франциско Франко. Шпанскиот Врховен суд отвори истрага во јуни за вмешаност на Хуан Кралос во постигнување договор за брза железничка пруга во Саудиска Арабија, откако швајцарскиот весник објави дека поранешниот шпански крал добил 100 милиони долари од починатиот саудиски крал Абдула. Тогаш, Карлос, наводно, префрлил голем дел од тие пари на поранешен пријател, а иследниците сметаат дека е можно да се работи за обид да се скријат парите од надлежните органи. Последните години од владеењето на Хуан Карлос беа одбележани со скандали, па тој во 2014 година абдицираше во корист на својот син, со што го загуби имунитетот што му го гарантираше шпанскиот Устав. ми/

Остани поврзан