Поранешниот шеф на Ферари ќе ја предводи Формула 1
- Поранешниот водач на тимот на Ферари, Стефано Доменикали, следната година треба да стане новиот шеф на Формула 1, објави Би-Би-Си.
Лондон, 23 септември 2020 (МИА) - Поранешниот водач на тимот на Ферари, Стефано Доменикали, следната година треба да стане новиот шеф на Формула 1, објави Би-Би-Си.
Педесет и петгодишниот Италијанец, кој го напушти Ферари на почетокот на 2014 година, во моментов е извршен директор на производителот на спортски автомобили Ламборџини. Покрај тоа, тој е претседател на една од комисиите на ФИА.
Од 2017 година, Чејс Кери е извршен директор на Ф1, но промоторите на сериите од Либерти Медиа веќе долго време бараат поавторитативна замена за него.
Шефот на Мерцедес, Тото Волф, беше претендент за ова место, но ова назначување беше блокирано од Ферари, кое има многу големо влијание врз раководството на Формула 1 и Меѓународната автомобилска федерација. зс/