• среда, 25 декември 2024

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар
Никозија, 12 февруари 2023 (МИА) - Со 51,91 отсто од гласовите, поранешниот шеф на кипарската дипломатија Никос Христодулидис е новиот, осми по ред, претседател на Република Кипар.
 
Христодулидис победи во вториот круг од претседателските избори во земјата со 15 илјади гласови повеќе од неговиот противкандидат, поранешниот дипломат, Андреас Мавројанис, кој освои 48,09 проценти. 
 
На денешните избори гласале 406.626 граѓани, а излезноста е 72,45 проценти. 
 
Планирано е вечерва околу 22 часот да биде инаугурацијата на новиот кипарски претседател. ср/ссм/

Остани поврзан