• среда, 13 ноември 2024

Поранешниот руски министер за одбрана Шојгу во Техеран за продлабочување на руско-иранската соработка

Поранешниот руски министер за одбрана Шојгу во Техеран за продлабочување на руско-иранската соработка

Москва, 5 август 2024 (МИА) - Високиот руски функционер, поранешниот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска пристигна во Техеран во посета со цел продлабочување на соработката меѓу Русија и Иран, во време кога растат заканите за воена ескалација со Израел.

Шојгу, кој сега е генерален секретар на рускиот Совет за безбедност, треба да разговара со иранските власти за зајакнување на билатералните односи, економските и безбедносните прашања, како и за регионалната и светската ситуација.

Предвидено е тој да се сретне со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност Али Акбар Ахмадијан и началникот на Генералштабот на иранската армија Мохамад Багери.

Москва и Техеран ја зголемија соработката од почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година, а Иран е обвинет за снабдување на Русија со експлозивни беспилотни летала Шахед што ги користи руската војска. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан