• среда, 25 декември 2024

Поранешниот претседател на Сиера Леоне обвинет за предавство

Поранешниот претседател на Сиера Леоне обвинет за предавство

Фритуан, 4 јануари 2024 (МИА) - Поранешниот претседател на Сиера Леоне, Ернест Баи Корома, е обвинет за четири кривични дела, меѓу кои и за предавство.

Тој е обвинет за неговата наводна улога во неуспешниот воен удар чија цел беше соборување на владата на оваа западноафриканска земја во ноември, соопшти денеска судот во главниот град Фритаун.

Британските медиуми потсетуваат дека актуелниот претседател на земјата, Џулиус Мада Био, на изборите во јуни минатата година го освои вториот претседателски мандат, додека резултатите од тие избори беа доведени во прашање од САД и Европската унија.

Вооружени напаѓачи на 26 ноември нападнаа воени касарни, затвор и други локации во земјата, ослободувајќи околу 2.200 затвореници и убивајќи повеќе од 20 лица. Владата подоцна соопшти дека бил спречен државен удар планиран од поранешниот претседател Корома и спроведен од неговите телохранители.

Вишиот суд во земјата на Комора му одобри кауција и тој во моментов се наоѓа во домашен притвор во Фритаун, додека судењето е закажано за 17 јануари. 

Доколку биде прогласен за виновен Ернест Баи Корома се соочува со доживотен затвор, наведуваат британските медиуми. сд/

фото:ЕПА

фото: ЕПА

Остани поврзан