• среда, 26 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поранешниот престолонаследник на Јордан ја потврди поддршката за кралот Абдула

Поранешниот престолонаследник на Јордан ја потврди поддршката за кралот Абдула
Аман, 6 април 2021 (МИА) – Два дена откако објави дека е ставен во домашен притвор под обвинение за обид за дестабилизација на земјата, поранешниот престолонаследник, принцот Хамза, му изрази лојалност на јорданскиот крал Абдула и Уставот на Хашемитското Кралство Јордан. Неколку часа по преговорите со посредство на принцот Хасан, чичкото на кралот Абдула, принцот Хамза бин Хусеин (41), издаде соопштение во кое изразува посветеност на Уставот и негира дека заговарал дестабилизација на земјата, јави Би-Би-Си. - Вчера потпишав писмо издадено од кралската палата. Потврдив дека се ставам во рацете на кралот и дека ќе останам верен на Уставот на моето драго Хашемитско Кралство Јордан, истакна принцот Хамза. јт/

Остани поврзан