• среда, 18 декември 2024

Поранешниот премиер на Малезија во затвор на отслужување на 12-годишната затворска казна

Поранешниот премиер на Малезија во затвор на отслужување на 12-годишната затворска казна
Куала Лумпур, 23 август 2022 (МИА) - Поранешниот малезиски премиер Наџиб Разак (69) отиде во затвор на отслужување на 12-годишната затворска казна, откако Врховниот суд ја одби неговата жалба по пресудата. Разак беше обвинет за корупциски скандал со државниот фонд „1Malaysia Development Berhad“ за проневера на милијарди долари. Во јули 2020 година тој беше осуден на затворска казна, но ослободен со кауција во исчекување на епилогот од поднесената жалбена постапка. Судот го одби неговото барање за одложување на казната. Пред две години Судот го прогласи Разак виновен по седум точки од обвинението. Тој беше обвинет дека од поранешна филијала на „1Malaysia Development Berhad“ на негови приватни сметки биле префрлени 9,4 милиони долари. Тој е осуден на 12 години затвор и парична казна од 46,8 милиони долари. Одбраната на Разак рече дека тој бил погрешно наведен да верува дека средствата на неговите сметки биле донација од саудиското кралско семејство наместо средства проневерени од државните фондови. Неговите адвокати исто така тврдеа дека бил измамен од финансиските советници, особено од финансиерот во бекство Џо Лоу. Лоу исто така се соочува со судење во САД и во Малезија, но тој исто отфрла каква било вина. Против сопругата на малезискиот премиер, Росма Мансор, исто така се покренати одвоени обвиненија за перење пари и затајување данок од проект за соларна енергија. Мансор исто така се изјасни невина по обвиненијата, а Вишиот суд се очекува на 1 септември да ја изрече пресудата по предметот. аб/

Остани поврзан