• сабота, 23 ноември 2024

Поранешниот пакистански премиер Шариф, по егзилот, кандидат за шеф на идната влада

Поранешниот пакистански премиер Шариф, по егзилот, кандидат за шеф на идната влада

Карачи, 27 декември 2023 (МИА) - Поранешниот премиер на Пакистан Наваз Шариф ќе биде повторно номининран за таа функцијата, соопшти неговата партија Пакистанска муслиманска лига (Наваз) - ПМЛ-Н.

Шариф (73), трикратен премиер, се врати во својата земја во октомври по четиригодишен егзил во Лондон. Тој замина во британската престолнина за да избегне затвор поради обвинение за корупција.

Неговата пресуда на крајот беше поништена по поднесена жалба, а Шариф сосема легално се кандидира и за парламентот на парламентарните избори во Пакистан на 8 февруари, а потоа и за премиер, кој ќе биде избран од парламентот.

„Нема сомнеж. Наваз Шариф е нашиот кандидат за премиер“, рече еден од лидерите на ПМЛ-Н, Хана Ранаулах, кој моментално е министер за внатрешни работи на Пакистан. ссм/

фото: архива

Остани поврзан