• среда, 25 декември 2024

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан излегува од затвор со кауција

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан излегува од затвор со кауција

Исламабад, 15 мај 2024 (МИА) - Судот во Исламабад денеска донесе одлука дека поранешниот пакистански премиер Имран Кан може да биде ослободен со кауција, напиша неговиот адвокат на социјалната мрежа Х.

Поранешниот играч на крикет одговараше за наводно примање земја од сопственик на фирма за недвижнини во замена за незаконски услуги за време на неговиот мандат.

Кан ги негира обвиненијата и поднесе барање за ослободување со кауција во Високиот суд во Исламабад.

Иако неговото барање беше исполнето, Кан (71), кој е во затвор од август минатата година, нема веднаш да биде ослободен бидејќи отслужува уште две казни. паг/

Фото: МИА архива



Остани поврзан