• четврток, 19 декември 2024

Поранешниот молдавски премиер обвинет за злоупотреба на овластувањата

Поранешниот молдавски премиер обвинет за злоупотреба на овластувањата

Кишинев, 3 мај 2023 (МИА) - Поранешниот премиер на Молдавија Јуриј Љанка е обвинет за злоупотреба на овластувањата поради концесијата со која контролата над главниот аеродром во земјата му беше дадена на бизнисмен кој сега е во егзил, соопшти шефот на молдавското антикорупциско обвинителство Вероника Драгалин.

Драгалин нагласи дека поранешниот министер за економија и шест други поранешни функционери, исто така, ќе се соочат со слични обвиненија во кривично дело за кое таа рече дека е проследено до суд.

Таа додаде дека сите обвинети се изјасниле за невини.

Концесијата од 2013 година ја предаде контролата на меѓународниот аеродром во Кишињев со 49-годишен мандат на компанија поврзана со политичарот и бизнисмен Илан Шор, кој побегна од Молдавија во 2019 година по изборот на претседателката Маја Санду.

Апелацискиот суд во ноември 2022 година одлучи дека контролата на аеродромот треба да и се врати на државата. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан