• недела, 24 ноември 2024

Поранешниот министер и пратеник од Нова демократија Варвициотис се повлекува од политиката

Поранешниот министер и пратеник од Нова демократија Варвициотис се повлекува од политиката

Атина, 25 јануари 2024 (МИА) – По речиси 24 години пратеник, избран 11 пати од редовите на Нова демократија, Милтиадис Варвициотис, кој во минатото беше и министер во три грчки влади, денеска соопшти дека се повлекува од политиката, јави дописничката на МИА од Атина.

Во објавата на социјалните мрежи, Варвициотис истакна дека „во животот доаѓа момент кога се затвора еден циклус и се отвора нов“ и посочи дека си поднесува оставка од позицијата пратеник и го отстапува пратеничкото место. 

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека со Варвициотис, освен политиката, ги поврзува и личното пријателство и посочи дека со денешната одлука „покажува дека за некои политиката е пат во една насока, ниту пак доживотна професија“.

Во првиот мандат на Нова демократија од 2019 година до изборите во мај минатата година, Варвициотис беше алтернативен министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања и често остваруваше средби со министри од Владата на Северна Македонија. ср/паг/

Остани поврзан