• среда, 25 декември 2024

Поранешниот гувернер на Централната банка на Либан останува во затвор

Поранешниот гувернер на Централната банка на Либан останува во затвор

Бејрут 9 септември 2024 (МИА) – Либански суд денеска одлучи дека поранешниот гувернер на централната банка, Ријад Саламе, ќе остане во затвор поради обвиненија за проневера на десетици милиони долари од државниот буџет.

Саламе беше обвинет за проневера на 42 милиони долари, а по рочиштето судијата издаде налог за негово задржување во притвор.

Обвинителите тврдат дека Саламе префрлал пари преку други сметки за да завршат на неговата лична сметка, а либанското Министерство за правда поднесе тужба против него за проневера на јавни средства.

Саламе беше гувернер на централната банка 30 години и е под истрага во неколку европски земји за финансиски криминал. ссм/

фото: архива

Остани поврзан