• сабота, 23 ноември 2024

Поранешната сопруга на Џеф Безос, Меккензи Скот повторно се разведе по две години брак

Поранешната сопруга на Џеф Безос, Меккензи Скот повторно се разведе по две години брак

Сиетл, 29 септември 2022 (МИА) - Меккензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос, се разведува и од својот втор сопруг - професорот Ден Џует, по помалку од две години брак.

Скот поднела барање за развод во понеделникот, во Врховниот суд на Округот Кинг во американската сојузна држава Вашингтон. Според наводите во „Њујорк тајмс“, Џует не го оспорил разводот, а поделбата на имотот веќе е одредена со предбрачниот договор. Меккензи и Ден се венчаа тајно во март 2021 година, а гласините говорат дека проблемите во нивниот брак настанале кога таа престанала да го користи неговото презиме во своите потписи. Така, и на страницата „Гивинг плеџ“ (Giving Pledge), каде што милијардерите оставаат дел од своето богатство на други лица, неговото презиме веќе не се појавува покрај нејзиното. Инаку, Меккензи и Безос се разведоа 2019 година по 25 години брак. Тие се родители на четири деца - три сина и една ќерка што ја посвоиле во Кина.  си/сд/

Остани поврзан