• вторник, 19 ноември 2024

Поранешната премиерка на Нов Зеланд одликувана за водење на земјата во време на криза

Поранешната премиерка на Нов Зеланд одликувана за водење на земјата во време на криза

Велингтон, 5 јуни 2023 (МИА) - Поранешната премиерка на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска беше одликувана со титулата Дама за нејзините напори да ја води земјата низ пандемијата на Ковид-19, терористичките напади на две џамии во Крајстчерч и ерупцијата на вулканот на Белиот остров. 

Ардерн беше прогласен за Дама, втора највисока чест во Нов Зеланд.

Премиерот обично избира на кого ќе му биде доделена честа, која потоа ја одобрува британскиот монарх, шефот на државата.

Премиерот Крис Хипкинс рече дека Ардерн добила признание за својата служба за некои од најголемите предизвици на Нов Зеланд во модерното време.

„Водечкиот одговор на Нов Зеланд на терористичките напади од 2019 година и пандемијата на Ковид-19 беше период на интензивен предизвик за нашиот 40-ти премиер, и од прва рака видов дека нејзината посветеност на Нов Зеланд остана апсолутна“, рече Хипкинс.

Ардерн стана премиерка во 2017 година и поднесе оставка во јануари оваа година во изненадувачка објава дека „повеќе нема сила“ да го води Нов Зеланд. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан