• четврток, 26 декември 2024

Поранешната портпаролка на Белата куќа, Сандерс планира да се кандидира за гувернерка на Арканзас

Поранешната портпаролка на Белата куќа, Сандерс планира да се кандидира за гувернерка на Арканзас
Вашингтон, 25 јануари 2021 (МИА) - Поранешната портпаролка на Белата куќа, Сара Сандерс денеска ќе ги објави плановите за нејзината кандидатура за гувернерка на Арканзас, изјави официјален претставник запознат со ситуацијата. Таа ќе ги објави своите планови преку видео врска за да побара поддршка од републиканците да се кандидира на изборите во ноември 2022 година. Актуелниот гувернер на Арканзас, Аса Хачинсон нема законско право да се кандидира за гувернер по третпат. Сандерс работеше како портпарол на Белата куќа од 2017 до 2019 година, заменувајќи го Шон Спајсер. По оставката, таа се врати во родниот Арканзас, но продолжи да го поддржува Трамп. Таа е ќерка на поранешниот гувернер на таа американска сојузна држава, Мајк Хакаби. паг/  

Остани поврзан