• недела, 24 ноември 2024

Поранешната асистентка на Кевин Харт: Имав ментални здравствени проблеми кога го потпишав договорот

Поранешната асистентка на Кевин Харт: Имав ментални здравствени проблеми кога го потпишав договорот

Лос Анџелес, 5 јyли 2024 (МИА) - Поранешната асистентка на Кевин Харт, Миеша Шејкс, која работела за комичарот од 2017. до 2020 година, тврди дека договорот за необјавување деловни податоци, што го потпишала откако ја напуштила работата, не треба да се земе предвид како дел од нивната правна битка, пренесува „Ин тач“ (In Touch).

Според судските документи, Миеша признала дека потпишала договор откако го прекинала нејзиниот работен однос со глумецот, но вели, имала „ментални здравствени проблеми“ кога документот бил потпишан.

Кевин Харт лани ги тужеше Шејкс, јутјуберката Таша К. и нејзината продукциската компанија „Јелен ентертејнмент“. Тужителот ги посочи обвинетите за клевета против него, откако Таша К. го објави интервјуто со Миеша. Глумецот смета дека Миеша го прекршила нејзиниот договор за необјавување кога зборувала за својата претходна должност.

Во својата тужба, Кевин тврди дека неговиот тим добил повик пред да биде објавено интервјуто од неидентификуван соработник на Таша. Наводно, му било побарано да плати 250.000 долари за интервјуто да не биде објавено на Јутјуб. Глумецот го одбил барањето, ги предупредил да не го објавуваат интервјуто, па ги повикал органите на Законот.

И покрај предупредувањето, Таша К. го објави интервјуто со Миеша.

Кевин ја обвинува Миеша дека не само што го прекршила договорот, туку и дала лажни изјави за него. Претходно оваа година, Судот ја отфрли молбата на Кевин за налог против Таша К. што би значел итно отстранување на интервјуто. Случајот е во тек.  си/

Фото: ЕПА

Остани поврзан