• четврток, 19 декември 2024

Поранешен началник на полицијата во Црна Гора уапсен поради преписки со криминалци

Поранешен началник на полицијата во Црна Гора уапсен поради преписки со криминалци

Подгорица, 6 јуни 2024 (МИА) - Поранешниот началник на криминалистичката полиција при Центарот за обезбедување во Бар, Илија Васовиќ е уапсен утрово во тој град по објавувањето информации во медиуми за него, јавуваат подгоричките медиуми.

Сајтот Либертас, повикувајќи се на преписката преку апликацијата Скај, објави дека Васовиќ по инструкции на обвинетиот во бегство Александар Аце Мркиќ се договорил со лажниот дипломат Стеван - Стив Симијановиќ во станот на Миодраг Дака Давидовиќ во Подгорица во јануари 2021 година да го преземе целиот бизнис поврзан со шверцот со цигари во Црна Гора, пренесе Бета.

Тоа е едно во низата апсења на претставници на правосудните и полициските власти откако медиумите пишуваа за нив. Неколку медиуми во Црна Гора објавуваат небесни преписки, главно Вијести, а најмногу се однесуваат на поранешни функционери за време на владеењето на Демократската социјалистичка партија.

Медиумите објавија дека припадници на Специјалната полиција (СЈО) го уапсиле Васовиќ на аеродромот Голубовци, од каде имал намера да отпатува за Белград. Васовиќ беше разрешен во април 2021 година. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан