• среда, 25 декември 2024

Поранешен директор на руската Федерална служба изврши самоубиство во судница

Поранешен директор на руската Федерална служба изврши самоубиство во судница
Москва, 12 февруари 2020 (МИА) – Поранешниот директор на руската Федерална служба за извршување казни, Виктор Свиридов денеска изврши самоубиство во судницата на московскиот суд откако му беше изречена казна од три години затвор под обвинение за корупција. Судот Чертановски во Москва потврди дека Свиридов починал на самото место откако со пиштол пукал во себе. Свиридов кој боледуваше од рак беше осуден на три години затвор поради изнуда на 10 милиони рубљи (158.500 долари). Свиридов, претходно се изјасни за виновен, а неговите адвокати побараа да не биде осуден на затворска казна. Во тек е истрагата како обвинетиот успеал да внесе пиштол во судницата. ки/ми/ 

Остани поврзан