• сабота, 27 јули 2024

Пораки од светски лидери до Бајден откако најави повлекување од трката за реизбор во Белата куќа

Пораки од светски лидери до Бајден откако најави повлекување од трката за реизбор во Белата куќа

Берлин, 21 јули 2024 (МИА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц го пофали американскиот претседател Џо Бајден откако ја објави својата одлука да се откаже од претседателските избори во САД во 2024 година.

-Мојот пријател Џо Бајден постигна многу: за својата земја, за Европа, за светот. Неговата одлука да не се кандидира повторно заслужува почит, напиша Шолц на „X“.

Израелскиот претседател Исак Херцог му се заблагодари на Џо Бајден за неговата децениска поддршка на „израелскиот народ“, откако американскиот лидер објави дека се откажува од претседателските избори.

-Сакам да упатам срдечна благодарност до Џо Бајден за неговото пријателство и цврста поддршка за израелскиот народ во неговата повеќедецениска кариера, напиша Херцог, на социјални мрежи.

Полскиот премиер Доналд Туск во порака до Бајден, нагласи дека ја направил „демократијата посилна“, откако американскиот лидер објави дека се откажува од трката за Белата куќа.

-Донесовте многу тешки одлуки благодарение на кои Полска, САД и светот се побезбедни, а демократијата посилна. Знам дека бевте водени од истите мотиви кога ја објавивте вашата конечна одлука. Веројатно најтешката во вашиот живот, напиша Туск на „X“. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан