• среда, 18 март 2026

Пораз по две продолжение на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

Пораз по две продолжение на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

Широки, 10. март 2026 (МИА) – Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го загубија последниот натпревар сезонава во АБА 2 лигата откако на гостувањето беа поразени од Широки Бријег по продолжение со 111:109 (23:24; 31:16; 23:24; 15:28; 10:10 и 9:7). Со овој пораз „металците“ со скор од 4-4 (победи-порази) го завршија натпреварувањето на деветтото место.

Македонскиот претставник одигра слабо во вториот период и на полувреме домаќинот водеше со 54:40. Во последната четвртина МЗТ Скопје А. сепак успеа да дојде до водство, но во завршницата не и до победа и дуелот заврши 92:92. По првото продолжение немаше победник, а дури по вторите пет минути екипата на Широки стигна до триумф 111:109.

Екипата на Широки го освои првото место во ова натпреварување со скор 7-1 (победи-порази), додека МЗТ Скопје Аеродром заврши на 10. место и не успеа да избори плеј оф. Вториот македонски претставник во АБА 2 лигата ТФТ избори пласман во плеј офот откако го освои седмото место. мн/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан