• среда, 04 март 2026

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

Пораз на македонските фудбалерки на стартот на мундијалските квалификации

 

Баку, 3 март 2026 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација загуби попладнево во Баку од Азербејџан со 2-0 и со пораз ги почна квалификациите за Светското првенство, кое ќе се одржи во Бразил од 24 јуни до 25 јули идната година.

Јафарзаде во 28. минута го постигна водечкиот погодок за домашната репрезентација, а со својот втор погодок во 78. минута, ја потврди победата на Азербејџан.

Максути и Николовска имаа шанси за гол во вториот дел за Македонија, но не беа успешни во завршницата.

Избраничките на селекторот Александар Андов првите бодови во групата ќе ги бараат на домашен терен против Андора, на 7. март во Битола на стадионот „Петар Милошевски“. ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан