• сабота, 27 јули 2024

Пораз за македонските одбојкарки на гостувањето во Летонија

Пораз за македонските одбојкарки на гостувањето во Летонија

Рига, 14 јуни 2023 (МИА) – Македонската женска одбојкарска репрезентација попладнево загуби од Летонија на гостински терен со 3:0, по сетови 25:19, 25:17 и 31:29.

 

За „црвено-жолтите“ ова беше петти пораз во исто толку натпревари во Европската Сребрена лига.

 

Во вториот натпревар од 5. коло вечерва играат Австрија и Естонија.

 

Естонија е прва на табелата со 12 бода, Австрија има 9, Летонија 6, Македонија е последна без освоен бод. зс/

Остани поврзан