• сабота, 27 јули 2024

Поради сообраќајка краток застој на сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Делчево

Поради сообраќајка краток застој на сообраќајот на магистралата А3 на влезот во Делчево
Делчево, 15 јули 2021 (МИА) - Поради сообраќајна несреќа краток застој на сообраќајот на магистралата А3 спроти бензинската пумпа на Дади Компани на влезот во Делчево. Како што информираа од делчевската полиција, во сообраќајката учествувале патничко возило „опел корса“ со делчевски регистерски таблички и скутер, сопственост исто така на жител од Делчево. Додаваат дека при инцидентот нема повредени лица. Апелираа на почитување на сообраќајната сигнализација, како и на поседување на задолжителната опрема од страна на сопствениците на моторни возила со помала кубикажа. в.с/цр

Остани поврзан