• среда, 25 декември 2024

Поради снег во јужниот дел на Бугарија прогласена вонредна состојба

Поради снег во јужниот дел на Бугарија прогласена вонредна состојба
Софија, 5 април 2020 (МИА) - Поради обилни снежни врнежи во општината Рудозем на Родопските Планини, во јужниот дел на Бугарија, денеска е прогласена вонредна состојба. Сообраќајот е во прекин, а селата се целосно блокирани и нема пристап до нив. На некои места висината на снегот достигна и до еден метар. Тешкиот и влажен снег предизвика лизгање на земјиштето на патиштата, а во прекин е и снабдувањето со електрична енергија. Речиси цел ден волонтери ги отстрануваат паднатите дрвја од улиците. гт/

Остани поврзан