• среда, 27 ноември 2024

Поради силна снежна бура парализиран североисточниот дел од САД

Поради силна снежна бура парализиран североисточниот дел од САД
Њујорк, 29 јануари 2022 (МИА) - Околу 70 милиони Американци беа погодени од „историска“ снежна бура во североисточниот дел на САД денеска каде силниот ветер го запре сообраќајот и уби возач на автомобил во северниот дел на Њујорк. Во Њујорк има дваесетина сантиметри снег, а низ улиците дува невообичаено силен ветер. Градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, ги повика сограѓаните да останат дома. Во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси е прогласена вонредна состојба, а гувернерката на Њујорк Кети Хочул ги повика жителите да не излегуваат без потребанепотребно и да ги полнат резервоарите на автомобилите со гориво и да обезбедат залихи со вода и ќебиња. На северот на метрополата Њујорк, на Лонг Ајленд, веќе има 25 сантиметри снег. Регионалните железнички линии беа делумно отсечени, а една жена беше пронајдена мртва во нејзиниот автомобил, објавија локалните медиуми. Националната метеоролошка служба најави удари на ветер од 80 до 120 км/ч и предупреди на „речиси невозможни сообраќајни услови“ во североисточниот дел на САД. Тие  исто така, предвидуваат поларни температури од денеска навечер до недела. Околу 3.500 летови за пристигнување и полетување беа откажани денеска и 700 за недела. Тоа е втора снежна бура годинава на североисточниот дел на САД, по онаа на почетокот на јануари кога беше зафатена областа од Џорџија па се до Квебек. зш/ https://www.youtube.com/watch?v=oWGZKGSjp9I

Остани поврзан