• среда, 25 декември 2024

Поради кибер напад падна веб-страницата на британското кралско семејство

Поради кибер напад падна веб-страницата на британското кралско семејство

Лондон, 2 октомври 2023 (МИА) - Веб-страницата на британското кралско семејство беше привремено недостапна поради кибер напад кој се случи вчера, јави ДПА.

Присуството на интернет на британското кралско семејство беше цел на напад на одбивање на услугата, во обид да се совлада веб-страницата.

Нападот, кој се случи утрото, беше успешно одбиен од ИТ експерти, велат извори од Бакингемската палата за ДПА, а до рано попладне повторно беше достапна веб-страницата „royal.uk“.

Според изворите, веб-страницата и неговата содржина во ниту еден момент не паднале под контрола на напаѓачите. Првично беше нејасно кој би можел да стои зад сајбер нападот. мс/

фото: Принтскрин

Остани поврзан