• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поради магла намалена видливост од 30 до 40 метри на патот Тетово – село Гајре

Поради магла намалена видливост од 30 до 40 метри на патот Тетово – село Гајре

Скопје, 8 јануари 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост поради магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – село Гајре, соопшти  ЈП Македонијапат.

Од претпријатието информираат дека со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучени во расчистување на патиштата. Исто така, на располагање се и фирмите со кои соработуваат, како навремено би се справиле со снежните наноси.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодување на брзината кон условите на патот. сст/бак/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан