• сабота, 23 ноември 2024

Поради појава на Африканска свинска чума забранет ловот на ловиштата во М.Каменица

Поради појава на Африканска свинска чума забранет ловот на ловиштата во М.Каменица
Македонска Каменица, 7 јануари 2021 (МИА) - Поради појава на Африканска свинска чума забранет е ловот на ловиштата со кои стопанисува Ловното здружение ,,М.Каменица Саса". Во известувањето до членството, од Ловното друштво информираат дека забраната започнува да важи од 7 јануари 2022 година. -Се известуваат сите ловци членови на Ловечкото Здружение М.Каменица- Саса од Македонска Каменица дека заклучно со 07.01.2022 година со Решение од Агенција за храна и ветеринарство се забранува ловот за секаков вид на дивеч поради појава на болеста Африканска свинска чума, стои во известувањето од Ловечкото Здружение од Македонска Каменица. Како причина за забраната се наведува појавата на Африканска свинска чума која е регистрирана во одгледувалиште за питоми свињи во село Драмче. вс/са/

Остани поврзан