• среда, 25 декември 2024

Поради поплави одложено полуфиналето во азиската ЛШ

Поради поплави одложено полуфиналето во азиската ЛШ

 

Абу Даби, 16 април 2024 (МИА) – Првиот полуфинален натпревар од азиската фудбалска Лига на шампиони (ЛШ) помеѓу Ал Аин и Ал Хилал е одложен за еден ден и презакажан за в среда, поради поплави предизвикани од обилните врнежи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Азиската фудбалска Конфедерација денеска донесе одлука да го одложи натпреварот откако силно невреме проследено со грмотевици ги погоди ОАЕ, поплавувајќи делови од главните патни правци и затворајќи патишта и мостови.

Одлуката е донесена заради безбедноста на сите учесници.

Фудбалскиот сојуз на ОАЕ претходно ги откажа сите натпревари.

Јужнокорејскиот Улсан в среда во второто полуфинале ќе се сретне со јапонската Јокохама. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан