• среда, 25 декември 2024

Поради повреди Родриго и Милитао не го завршија натпреварот со Осасуна

Поради повреди Родриго и Милитао не го завршија натпреварот со Осасуна

Мадрид, 9 ноември 2024 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти беше принуден на две замени по само 30 минути игра на денешниот натпревар со Осасуна во 13. коло во Ла Лига.

Во текот на првото полувреме, домашните фудбалери Родриго и Едер Милитао беа заменети поради повреди.

Родриго се повреди во првото полувреме и се држеше на левото колено. Бразилецот, кој го покриваше лицето со рацете при замените и на клупата, беше заменет со Брахим Дијаз во 20. минута.

Исто така во првото полувреме, дефанзивецот Едер Милитао се сопна во туѓ шеснаесетник додека се бореше за топката со Енцо Бојомо. Бразилецот се здоби со повреда на коленото и го напушти теренот на носилки покривајќи го лицето со раце. Тој беше заменет од Раул Асенсио во 30. минута.

Реал победи со 4:0 и ја забележа својата најубедлива победа од почетокот на сезоната. Три гола постигна Винисиус Жуниор, еднаш погоди Џуд Белингем.

Во моментов „Кралскиот клуб“ има 27 бодови и се наоѓа на 2. место во поредокот во Ла Лига. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан