• четврток, 26 декември 2024

Поради пандемијата откажана седницата на Европскиот парламент во Стразбур

Поради пандемијата откажана седницата на Европскиот парламент во Стразбур
Брисел, 15 октомври 2020 (МИА) - Седницата на Европскиот парламент, планирана од 19 до 22 октомври, поради пандемијата на коронавирусот, нема да се одржи во Стразбур, туку ќе биде организирана видео-конференција, објави денеска претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. „Со жалење соопштувам дека пленарната седница следната недела нема да се одржи во Стразбур, туку ќе биде на далечина“, напиша Сасоли на Твитер. Тој наведе дека здравствената состојба во Франција и Белгија е „многу сериозна“. „Стазбур останува седиште на Европскиот парламент и ќе сториме се што можеме за да се вратиме“, додаде претседателот на ЕП. паг/    

Остани поврзан