• петок, 27 декември 2024

Поради пандемијата Бродвеј ќе биде затворен до мај 2021 година

Поради пандемијата Бродвеј ќе биде затворен до мај 2021 година
Вашингтон, 10 октомври 2020 (МИА) - Театрите во Бродвеј ќе останат затворени до крајот на мај 2021 година поради пандемијата со новиот коронавирус. Театрите во Бродвеј се затворија на 12 март,  илјадници луѓе останаа без работа, а штетата се проценува на милиони долари. - Со речиси 97.000 работници, чија егзистенција зависи од Бродвеј и годишниот приход на град Њујорк, обврзани сме повторно да отвориме откако ќе се создадат услови за тоа, изјави претседателката на здружението Бродвеј лица, Шарлот Ст. Мартин. И операта Метрополитен неодамна најави дека ќе биде затворена до септември 2021 година. ми/

Остани поврзан