• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поради оштетен далековод без струја неколку села во каменичко

Поради оштетен далековод без струја неколку села во каменичко

Македонска Каменица, 2 април 2025 (МИА) - Поради оштетен далековод на ЕВН, околу 1000 куќи од неколку каменички села денес попладне останаа без електрична енергија. 

Од регионалната канцеларија на ЦУК ја потврдија информацијата дека преку број за итни повици 112 добиена е пријава од Раководител на ЕВН Делчево кој известил дека одредено лице при сечење на дрва го оштетил далеководот во М.Каменица и дека поради истото неколку села во близината ке останат без електрична. енергија.

Екипи на ЕВН се на терен и ќе почнат со санирање на дефектот по направениот увид од полиција, кој е побаран заради утврдување на направената штета.

Поради дефектот без струја останале околу 1000 куќи од селата Луковица, Моштица, Саса и други села. вс/ра

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан