• вторник, 15 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поради одрони отежнат сообраќајот на патот Валандово - Струмица

Поради одрони отежнат сообраќајот на патот Валандово - Струмица

Скопје, 4 април 2025 (МИА) - Поради одрони, на патниот правец Валандово - Струмица, кај Костурино, сообраќајот се одвива отежнато и забавено, информираат утрово од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан