• сабота, 21 декември 2024

Поради ограничувањата со Ковид-19, МотоГП трката од Малезија се пренесува во Италија

Поради ограничувањата со Ковид-19, МотоГП трката од Малезија се пренесува во Италија
Миес, 19 август 2021 (МИА) - Трката за Големата награда на Малезија, закажана за октомври во Сепанг, се откажува втора година по ред поради ограничувањата со Ковид-19. Како што соопшти Меѓународната федерација за мотоциклисти - ФИМ, наместо во Малезија, трката ќе се реализира во Мизано, Италија. Мизано оваа сезона ќе биде домаќин на две трки, на 19 септември и 24 октомври, првичниот датум означен за Сепанг. Објавувајќи ја одлуката, ФИМ рече дека „со нетрпение очекува да се врати во Сепанг во 2022 година“. Трката последен пат се одржа таму во ноември 2019 година, а тест настан беше организиран во февруари 2020 година пред да се случи пандемијата. ар/вг/

Остани поврзан