• сабота, 28 декември 2024

Поради најави за невреме, се расчистуваат сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот

Поради најави за невреме, се расчистуваат сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот

Скопје, 5 август 2023 (МИА) - Екипите на сектор Канализација при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализациската мрежа, во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме, вчера и денеска спроведуваат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот, со цел непрекината функционалност на атмосферската канализациска мрежа, информираат попладнево од претпријатието.

- Во текот на изминатите денови на територија на градот Скопје, екипите работеа на површинско расчистување на 1.458 сливници, рачно чистење на 387 сливници, контрола на 689 шахти, рачно чистење на 308 шахти и перење на 32 сливника со цистерна под притисок, во девет реони во градот, се наведува во соопштението.

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, како што се додава, се подготвени за интервенции и навремени реакции во согласност со условите и во зависност од интензитетот и количината на водениот талог, со цел задоволување на потребите на граѓаните. бд/сст/

Фото: ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје

Остани поврзан