• недела, 24 ноември 2024

Поради најавените протести одложена посетата на британскиот крал Чарлс на Франција

Поради најавените протести одложена посетата на британскиот крал Чарлс на Франција

Париз, 24 март 2023 (МИА) – Посетата на британскиот крал Чарлс на Франција е одложена откако француските синдикати повикаа на штрајкови и протести за време на неговиот престој, соопшти денеска Елисејска палата.

Кралот Чарлс в недела требаше да ја оствари својата прва државна посета на Франција како монарх.

Предвидено беше посетата да трае три дена.

Со оглед на вчерашната најава за национални протести против реформите на пензискиот систем, кои треба да се организираат во вторник, посетата на кралот Чарлс, закажана од 26 до 29 март, ќе биде одложена, се наведува во соопштението на Елисејска палата. ми/

Остани поврзан