• четврток, 26 декември 2024

Поради Министерскиот совет на ОБСЕ, 30 ноември ќе биде неработен ден за администрацијата и училиштата во Скопје

Поради Министерскиот совет на ОБСЕ, 30 ноември ќе биде неработен ден за администрацијата и училиштата во Скопје

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - За сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на Град Скопје, 30 ноември (четврток) ќе биде неработен ден поради одржувањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ.

Работното време на 29 ноември 2023  (среда), пак, ќе заврши во 12 часот. Одлуката ја донесе Владата денеска на седница, на предлог на Министерството за надворешни работи.

-Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје - коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање, информира владината прес-служба наведувајќи дека на скопските општини и на Град Скопје им се препорачува да ги спроведат заклучоците.

Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на Скопје, особено во Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар палас“. хс/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан