• среда, 18 декември 2024

Поради магла намалена видливост на планинските премини Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека

Поради магла намалена видливост на планинските премини Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека

Скопје, 29 ноември 2024 (МИА) - Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, Маврово, на граничниот премин Деве Баир, Крушево, Кратово, Пробиштип и на планинските премини Стража, Ѓавато, Плетвар и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.  Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 40м. има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 – 60м. на планинскиот превој Плетвар, од 50 – 100м. на планинскиот превој Ѓавато и до 100м. на планинскиот превој Пресека, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено , по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, се потсетува дека сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила од 15.11.2024, кога започна и законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. вг/аа/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан