• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Поради магла намалена видливост до 100 метри на патот Кичево – Македонски Брод

Поради магла намалена видливост до 100 метри на патот Кичево – Македонски Брод

Скопје, 8 декември 2024 (МИА) - Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Кичево – Македонски Брод, соопшти АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.  

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. дма/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан