• недела, 24 ноември 2024

Поради корона-пандемијата се откажува шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

Поради корона-пандемијата се откажува шестиот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“
Скопје, 14 јуни 2020 (МИА) – Шестиот интернационален ракометен камп „Кирил Лазаров 7“, кој требаше да се одржи оваа година од 19 јуни до 1 јули, се откажува. Причината е пандемијата на коронавирус. - КМГ Спорт агенција како организатор се надеваше дека состојбата ќе се смири до стартот на кампот, но како што знаеме сите подобрување нема. Капитенот Лазаров кој е идеен творец на кампот и во изминативе 5 години континуирано беше со децата изјави: „Императив секогаш е здравјето на децата. Почитувајќи ги препораките на надлежните кои забрануваат групирање на повеќе од 2 лица, одржувањето на кампот е невозможно. Секојдневно ја следевме ситуацијата и очекувавме смирување на истата, бевме подготвени и за поместување на датумот за месец јули … Но, за жал бројките го покажуваат спротивното, ризикот во оваа ситуација е недозволив. Знам што значи присуството за децата на кампот, со какво нетрпение го чекаат и секоја година му се радуваат. Ги поздравувам и се надевам дека следната 2021 ќе може повторно да бидеме сите заедно во името на ракометот“, се вели во соопштението од организаторот. Оваа година беа пријавени над 400 деца од 14 земји на возраст од 7 до 18 години. Досега на кампот учествуваа преку 1.500 деца. зс/

Остани поврзан